СУПЕР МОРИНГА СО АМЛА

1.249,00 ден со ДДВ

Претставува синергија помеѓу Морингата и Амлата ферментирани со пробиотски култури за поддршка на белите дробови, крвта и убавината

Искуствата на илјадниците конзументи ги потврдуваат следните придобивки за здравјето, Овај производ дава брзи и видливи резултати и:

1. Позитивно делува на белите дробови, дишните патишта и целиот респираторен систем

2. Има противвоспалителни својства

3. Позитивно делува на подигање на Имунитетот

4. Позитивно делува на крвта, хемоглобинот и крвните зрнца

5. Позитивно делува на панкреасот и регулирање на шекерот во крвта

6. Позитивно делува на квалитетот на кожата, косата и ноктите

7. Позитивно делува антимикробно

Овој производ е 100% природен, без конзерванси, калиум сорбат (Е202) и натриум бензоат (Е211), пестициди, подобрувачи на вкус, вештачки бои, згуснувачи (ксантан, гуар гума и сорбитол) и адитиви. Производот НЕ содржи ГМО, соја, глутен и лактоза

Начин на употреба: Се пие 2 до 3 пати на ден пред или после оброк по 25 мл.

Состојки: вода, ферментиран зелен чај ( Camellia Sinensis ) со пробиотски култури и 100% природен шеќер и Моринга 20% (Moringa oleifera), Амла 20% ( Phyllanthus emblica )

Начин на чување: Нема специјални услови за чување, да се чува во оригиналното пакување, заштитено од влага. Најдобро е да се чува во фрижидер. Овој производ е Ферментиран и треба да се отвара пополека. Богатство е на вкусови благо киселкасто и газирано. Вкусот на газираност доаѓа од ферментацијата. Пребогат е со пробиотски култури на ферментација и може и да го прецедите и да го користите.

Супер Моринга со Амла е направен со иновативна метода на ферментација со што се овозможуваат неколку придобивки. Многу Студии утврдуваат дека со процесот на ферментација се зголемува способноста на активните состојки на Морингата (Moringa oleifera) и Амлата ( Phyllanthus emblica ) при дејство на телото, производот е обогатен со Пробиотици, а и многу студии утврдуваат дека и количината на нутритивно корисни состојки се зголемува, па дури и се подобрува способноста на апсорпцијата на клетката поради процесот на ферментација.

За Состојките ( за оние кои сакаат да знаат повеќе )

Моринга (Moringa oleifera)

Придобивките од моринга се бројни: зајакнување на имунитетот, подобрување на циркулацијата, регулирање на шеќерот во крвта, антивоспалителни својства, одржување ментална рамнотежа, против артрит, за мазна и убава кожа и уште многу други. За оние кои имаат недостиг од железо, ова дрво е вистинското решение. Содржи три пати повеќе железо од спанаќот, а е добар извор и на протеини. Има два пати повеќе протеини по грам од обичниот јогурт и четри пати повеќе калциум, од млекото. Ќе ве зачуди, но навистина е така, морингата има седум пати повеќе витамин Ц од портокалите. Содржи над 40 антиоксиданси, поради што е корисно во превенцијата од многу малингни заболувања.

Амла ( Phyllanthus emblica )

Амла е дрво што расте во Централна и Јужна Азија. Медицината денес ги потврди антиоксидантните својства на плодовите на Амлата и нивниот придонес во здравјето на црниот дроб и предвременото стареење. Амла е природен хербален прав се добива од плодот на Emblica Officinalis. Плодот е многу корисен и е со висока содржина на витамин Ц, а во Ајурведата се користи како природен антиоксиданс. Во форма на прав, таа има примена и во природната нега на косата и кожата. Амла е исто така многу популарна во традиционалната медицина во (Ајурведа), каде што таа се користи за лекување на бројни болести.

Зелен чај (Camelia Sinensis)

Зелениот чај содржи многу активни супстанции кои имаат широка палета на позитивни ефекти врз нашиот организам. Содржи полифеноли кои имаат улога во термогенезата на организмот, тие го забрзуваат нашиот метаболизам за 4%, а при тоа не не го преоптоваруваат срцето и не ја забрзуваат неговата работа. Имаат улога и во оксигенацијата на мастите, па затоа зелениот чај се користи кај оние кои сакаат да изгубат неколку килограми. Други супстанци кои ги има во зелениот чај а се корисни за нашиот организам се флавоноидите кои се антиоксиданси. Тие имаат улога во детоксикацијата и антиканцерогени ефекти. Растението содржи и витамин Ц, многу минерали и каротеноиди кои се важни алки во синџирот на одржување на нашето здравје. Го подобрува работењето на кардиоваскуларниот систем, уринарниот систем и ја подобрува мозочната функција. Помага и при чувство на замор.

Опис

Претставува синергија помеѓу Морингата и Амлата ферментирани со пробиотски култури за поддршка на белите дробови, крвта и убавината

Оценки

Сеуште нема коментари.

Само најавени корисници кои го имаат порачано овој производ можат да остават коментар.